Не чека невреме - УХМР предупреди, можно е излевање на водотеците

Во Македонија утрово е облачно со врнежи од дожд и дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во текот на денот врнежите од дожд на повеќе места ќе бидат обилни, особено во јужните и централните делови. Локално ќе има услови и за пороен дожд и грмежи.

Максималната температура денеска ќе движи од 10 до 15 степени.

Влажниот бран што ја зафати Македонија се очекува да предизвика зголемување на водостоите на реките, кои сеуште се под просекот за ноември. Зголемување на водостојот се очекува на сите водотеци низ земјава, особено кај помалите каде се можни локални излевања.

Од УХРМ предупредуваат на внимателно движење покрај водотеците, особено покрај помалите, и будно следење на состојбата во следните денови. 

 

 

 

15.11.2017 - 08:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа