НБРМ почнува со печатење на првите македонски пластични пари

Народната банка на Македонија објави оглас за доделување на договор за јавна набавка на книжни пари изработени од полимер.

Според огласот објавен на електронскиот систем за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 127.000.000 денари.

Критериум за добивање на договорот е најниска цена. Договорот е во времетраење од една година.

Уште на почетокот на годинава беше најавено дека Народната банка е во подготовки за пуштање во употреба на првите пластични пари на македонскиот пазар, односно банкноти од полимер.

Се работи за банкнотите од 10 и 50 денари, кои ќе бидат пластични и кои доколку сè се одвива според предвидената динамика во оптек се планира да бидат пуштени кон крајот на годинава.

 

 

 

13.06.2017 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа