Навивачи од Косово казнети со 1.000 евра за исвиркување на македонската химна

Кошаркарската федерација на Косово е казнета со 1.000 евра поради исвиркувањето на македонската химна пред почетокот на натпреварот од претквалификациите одигран во Приштина на 2 август.

Паричната казна ја одреди ФИБА.

Натпреварот во Приштина се играше пред полни трибини, а покрај свирежите имаше и непримерно однесување на домашните навивачи. Дуелот заврши со победа на Косово од 72:68.

Во сабота Македонија ќе биде домаќин во реваншот од претквалификациите за Светското првенство на селекцијата на Косово.

 

 

 

09.08.2017 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа