„Нашето име е Македонија“ - Македонците од Канада протестираа против промена на името

Под наслов „Нашето име е Македонија“, денеска пред парламентот во Онтариот се одржа мирен протест организиран од македонско-канадската заедница за поддршка на Македонија и ставање крај на преговорите за името.

„Денес ние Македонците од Торонто и од други градови им се придружуваме на нашите браќа и сестри во Македонија, САД, Австралија и Европа, барајќи итен прекин на преговорите за името со Грција. Наметнатите антимакедонски преговори за името го загрозуваат опстанокот на Македонија и ги нарушуваат сите меѓународни конвенции и конвенциите на Обединетите нации за човекови права, на кои и Канада е потписник. Ја повикуваме меѓународната заедница да ги поддржи нашите основни права на самоопределување и самоидентификација. Исто така, сакаме да ја дадеме нашата целосна поддршка на претседателот Ѓорѓе Иванов за вето на неуставниот закон за јазиците“, е пораката испратена на протестот.

 

 

 

19.03.2018 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа