НАСА вознемирена - нешто чудно се слева во Антарктикот

НАСА вели дека можеби го пронашла изворот за чудното греење - подигање на екстремно врелите карпи кои лежат длабоко под Земјината површина и поради кои површината на мразот се растопува, при што доаѓа до река други пореметувања на Антарктикот.

Пред околу 30 години, научник од Универзитетот во Колардо соопштил дека можеби постои нешто повеќе од топлите карпи во јадрото на Земјата, и тоа во регион познат како Земја Мери Берд. Оваа претпоставка помогнала да се објаснат некои чудни појави во мразот, како што се вулкански активности.

Во некои делови од светот, топлите карпи се издигнуваат од покривката на Земјата и потоа се шират под кората, поради што земјата се крева. Ваквите појави се карактеристични за Хаваите и Јелоустоун, кои имаат силна геотермална активност, и покрај тоа што се далеку од рабовите на тектонските плочи.

Тимот сега направил нумерички модел на геотермалната активност, за да ги испита необичните појави на Земјата Мери Бер, вклучувајќи ги и големите реки кои се појавуваат под површината на мразот, како и езерата на цврстата плоча.

Резултатот ги навел да веруваат дека под површината мраз има огромна количина притисок и топлина. Сето тоа ги навело да заклучат дека издигањето врелата површина под површината на Антарктикот, веројатно започнала пред 50 до 110 милиони години, долго пред настанкот на ледената кора, пишува биртанскиот Индепендент.

 

 

 

13.11.2017 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа