Направил голем грев: Ограбен храмот на „Пресвета Богородица“ во Битола

Вчера во точно неутврдено време во село Кравари-Битола, на улица „Гоце Делчев“, поточно во Храм „Пресвета Богородица“, непознат сторител извршил тешка кражба.

Имено, непознатотот лице со погоден алат делувал на катанецот од влезната врата, влегол внатре  и од просторот каде се продавале свеќи од повеќе пластични чаши одзел ситни метални пари во најразлични монети со вкупна вредност од околу 8.000-9.000 денари, а потоа го напуштил лице местото, соопштуваат од полицијата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

 

23.09.2017 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа