Најмалку 23 сириски бунтовници загинаа во самоубиствен напад во близина на границата со Јордан

 

Најмалку 23 сириски бунтовници загинаа, а десетици беа ранети вчера во самоубиствен напад во јужна Сирија, во близина на границата со Јордан, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Бомбаш-самоубуец се кренал во воздух, активирајќи го појасот со експлозив во базата на „Џаиш ал Ислам“ (Армијата на исламот), во близина на граничниот пункт Насиб.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот,. но џихадистите поврзани со Исламска држава веќе неколку пати напаѓаа бунтовници во јужна Сирија.

Граничниот премин Насиб се наоѓа во провинцијата Дара, заземена од бунтовничките групации во април 2015 година.

 

 

 

12.08.2017 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа