Нафтата со пониска цена

Цените на нафтата благо пораснаа во четврток на меѓународните пазари, по падот ден претходно од 3,5 отсто, заради индикациите од одделни земји производители дека веројатно по јуни ќе биде продолжен рокот за намалување на производството договорено во рамки на ОПЕК.

На лондонската берза цената на барелот денес порасна 50 центи во однос на претходното затворање, на 53,43 долари.

На американскиот пазар барелот се тргуваше по 43 центи повисока цена во однос на затворањето во среда, односно по 50,87 долари.

ОПЕК на својата интернет страница објави дека цената на барелот на референтната кошничка од неговата нафта во среда изнесувала 51,88 долари, што е за 41 цент помалку во однос на претходниот ден од тргувањето.

Во македонски услови актуелната цена на суровата нафта е за околу половина долар по барел пониска во однос на цената врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика ја формираше малопродажната цена на нафтените деривати во вторникот.
До следната корекција има уште повеќе од 1 недела и многу простор за нови ценовни движења.

 

 

 

21.04.2017 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа