Надвор како да е есен - еве каде наврна најмногу дожд

Дождот не престанува, најмногу наврна во Гевгелија и тоа 49 литри, потоа 31 Дојран, 26 Крушево, 24 Берово, 23 Струмица, 22 Демир Капија, 19 во Тополчани, 18 во Битола, 17 во Прилеп, 15 во Претор, 11 во Штип.

Наврнаа 9 литри во Охрид, 8 во Крива Паланка, Куманово и Ѓуриште, потоа 6 во Скопје, Пожаране, Маврово и Тетово, и најмалку или 5 литри во Виница.

 

Преку ноќта  и изутринава времето насекаде беше облачно со локални врнежи од дожд. Дуваше умерен северен ветер.

Претпладне претежно облачно со повремен дожд, особено во јужните делови.,каде се можни и ретки грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува и  врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северен и североисточен правец. Температурата ќе се движи од 18 до 25 степени.

Во Скопје, претпладне претежно облачно со услови за повремен дожд, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен,  повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.

Од утре следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на места ќе го надмине 35-тиот степен, а УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9. 

 

 

 

17.07.2017 - 08:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа