На референдум во Босилово до 13 часот гласале 7,78 проценти

Без проблеми се одвива референдумското изјаснување на жителите на Општина Босилово во врска со работата на рудникот Иловица и други на територијата на општината, информираат од Општинската изборна комисија.

Излезноста до 13 часот изнесувала 7,78 проценти, велат од ОИК.

Во 7 часот утрово навремено биле отворени гласачките кутии во 19 гласачки места во Општина Босилово, каде што граѓаните на референдумот имаат можност да се изјаснат за две прашања: Дали се за или против работата на рудникот за бакар и злато Иловица и дали се за или против отворање рудници за експлоатација на метални и металични суровини во нивната општина.

На единствениот гласачки список запишани се 12.301 полнолетно лице, а за референдумот, за биде успешен треба да гласаат 6.151 граѓанин или 50 отсто + 1.

Во струмичкиот регион, референдумски за работата на рудници, на 17 септември,  ќе се изјаснуваат и жителите на Општина Ново Село.

 

 

 

03.09.2017 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа