На 16 години поради дрога завршила во затвор, а потоа се појавил ТОЈ, сега живее живот како на бајка

Руската убавица Елена Перминова, на прв поглед има сè. Мажена е за руски милионер, има три деца, гардеробер преполн со дизајнерски алишта, вила во Лондон, успешна менекенска кариера, а најдобра пријателка ѝ е најпознатата Русинка од светот на модата, Миросдлава Дума.

Сепак, оваа заносна убавица, детството го поминала во беда, но на 16 години доживеала вистински трилер.

На тие години таа одлучила да го напушти домот на нејзините родители, но набрзо западнала во проблеми. Се заљубила во значително постар маж, поради кој започнала да продава екстази во ноќните клубови. По некое време е уапсена, а иако соработувала со полицијата, никој не ѝ гарантирал некаква заштита.

Тогаш се појавил нејзиниот принц на бел коњ, нејзиниот сегашен сопруг, поранешен агент, руски милијардер, филантроп и медимски важен човек, Александар Лебедев.

Елена набрзо станала модел, ги завршила студиите на економскиот факултет во Москва и запловила во модниот свет во кој совршено се снаоѓа, но сепак е посветена на својот сопруг и децата.

Таа секојдневно воодушевува со елеганција и стил. Стандардот и е добар, благодарејќи на нејзиниот сопруг, но сепак одличниот стил кој таа го има не може да го купи ниедна пара.

Оваа модерна Пепелашка навистина живее живот од бајка!

 

 

 

21.04.2017 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа