МВР со детали за несреќата во Ѓорче - познат идентитетот на возачот кој го прегази детето

Вчера околу 18:30 часот на ул. „Борис Сарафов“ во Скопје, патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Ј.Ј. од Скопје удрило во 10-годишно момче.

 По ударот детето било пренесено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и било задржано на лекување.

Полиција ги презема потребните мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

16.04.2018 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа