МВР поднесе кривична против полицаецот кој пукаше во двајца малолетници во Струмица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР во врска со настанот од петокот во Струмица ги изврши потребните проверки и утврди дека полицискиот службеник неосновано, неоправдано и неправилно пукал кон малолетниците Д.Т. и А.Г., односно постапил спротивно на одредбите од Законот за полиција- изјавија преку соопштение од МВР

Од МВР соопштија дека против полицискиот службеник е поведена дисциплинска постапка пред надлежната комисија во МВР и со решение на министерот Оливер Спасовски полицискиот службеник ќе биде отстранет од работното место до завршувањето на дисциплинската постапка.

До надлежниот јавен обвинител во Струмица е поднесена и кривична пријава поради основано сомнение дека полицискиот службеник сторил кривично дело убиство во обид- се вели во соопштението на МВР

MВР најостро ги осудува обидите за манипулација со овој настан од страна на одредени политички субјекти. За разлика од времето кога раководството на МВР ги криеше злосторствата од јавноста, МВР сега демонстрира максимална транспарентност и професионално работење со цел да обезбеди законите да важат подеднакво за сите- соопшти МВР

 

 

 

13.08.2017 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа