МВР купи нови Шкоди за полицијата од фирмата која му донирала пари на СДСМ

Фирма која се водела како донатор на СДСМ го добила тендерот за набавка на нови полициски автомобили марка Шкода со парите кои државата ги доби како донација од Чешка, јавува БИРН.
Станува збор за фирмата „Делукс-ауто“ од Куманово која може да се види дека на СДСМ му донирала во 2016 година.
БИРН јавува дека Чешка парите ги донирала во јуни 2017 година, а договорот за набавка е склучен 3 месеци подоцна во септември.
Интересно е што на тендерот учествувале најголемите компании кои се и увозници на овие возила како Порше Македонија која е и увозник на овие автомобили. За да биде уште поинтересно, фирмата Делукс-ауто автомобилите ги набавува токму преку Порше Македонија.

Сепак од Порше Македонија велат дека постапката била транспарентна па не поднеле жалба.

 

 

 

13.03.2018 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа