Мурињо скршен, за него ова е најтажниот Божиќ

Ова е прв Божиќ во животот без мојот татко и мислам дека е и најтежок Божиќ за мене, – истакнал емотивниот Мурињо потсетувајќи на смртта на својот родител во јуни.

Жозе Мурињо го подготвува Манчестер Јунајтед за дуелот против Барнли, а во најавата за оваа средба од англиската Премиер лига, повторно најде забелешка за распоред и предноста која ја добиле одредени екипи.

Тоа поточно се однесува на Манчестер Сити кој ќе игра во среда, а не во вторник како поголемиот број екипи меѓу кои и Јунајтед.

– Еден дополнителен ден значи многу. Веројатно тие денеска одмараат, а дури од утре ќе се подготвуваат за она што ги очекува во среда. Тоа е одредена привилегија бидејќи некој добива екстра одмор и тоа во периодот кога доаѓаат традиционалните декемвриски повреди кои за жал се традиција и не знаеме колку и како ќе не погодат, вели Португалецот.

Менаџерот на Јунајтед им откри на медиумите дека неговите празнични денови не биле исти како изминатите години.

– Ова е прв Божиќ во животот без мојот татко и мислам дека е и најтежок Божиќ за мене, истакнал емотивниот Мурињо потсетувајќи на смртта на својот родител во јуни.

 

 

 

25.12.2017 - 22:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа