Можела да си купи автомобил - Сораја потрошила огромна сума на пари за пластичните операции

Како што пејачките не сакаат да зборуваат за своите години, така и Сораја Вучелиќ со години наназад избегнува да признае колку пари потрошила за целосно да го промени својот изглед.

Сепак, не крие што сѐ променила на себеси, а како што самата вели, до вкупната цифра која ја вложила се доаѓа со проста прсметка.

-Тоа сѐ може да се пресмета. Ги зголемував градите и го намалив носот, иако сега жалам што ја зголемив устата. Девојките со преголеми усни изгледаат како патки. Поради тоа го извадив целиот силикон од устата. Не вадев ребра, ниту планирам да корегирам уште нешто на себе - изјавила Сораја која не сакала да собира, па наместо неа тоа го сторил еден хрватски портал, кој напишал дека Сораја во својот изглед вложила околу 19 илјади евра.

Може да се каже дека за овој износ можела да купи автомобил или нешто слично.

Погледнете како изгледала пред и после операциите:

 

 

 

17.11.2017 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа