Моторциклист нападнал полицајци - ги бутнал на земја, па ги влечел за униформата

Вчера, половина час пред 19 часот во село Звегор, делчевско, полициски службеници при вршење редовна контрола од областа на сообраќајот сопреле велосипед со помошен мотор "АПН 4" без регистарски ознаки, управуван од 49-годишниотО.С. од село Звегор.

Во еден момент О.С. почнал да ги омаловажува полициските службеници, по што го стартувал моторот на кој бил потпрен полицискиот службеник и двајцата паднале на коловозот со моторот и истиот започнал да го влече полицискиот службеник за униформата.

Лицето е приведено во Полициска станица Делчево. Полицискиот службеник е однесен во Итна медицинска помош- Делчево. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

12.08.2017 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа