МОН најавува големи измени: Најмалите ученици со 4 часа, нема ни домашни

Министерството за образование и наука предвидува измени за учениците. 

За учениците од прво до петто одделение еден наставен час да трае 55 минути, во кој е вклучен и одмор во траење од 15 минути по секој наставен час. Наставникот одлучува кога ќе го даде одморот и како ќе го реализира. Исто така, предвидено е учениците од прво до трето одделение нема да имаат повеќе од четири часови дневно. Учениците ќе имаат Мајчин јазик, Математика, Светот околу нас, Уметност, Физичка култура.

По предлог на МОН ќе се намалат и тестирањата на учениците, домашните ќе се заменат со активности и вежби на час, а ќе се воведе и служба за поддршка на талентираните ученици, како и за оние со послаб развој.

Министерката Рената Десковска информираше дека ревизијата води сметка не само за образовната компонента, туку и за воспитната, односно дава посебен акцент на формирањето на карактерот на децата.

Измените ќе се стават на јавна дебата.

 

 

 

17.01.2018 - 12:10
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа