Младеновска Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ донесе национална стратегија за стари лица и се грижеше за нивните потреби и интереси

Младеновска Лазаревска посочи дека во моментот во домови за стари лица престојуваат околу 550 лица, а вкупно 200 лица се од најранливата категорија, односно лица кои што материјално не се обезбедени и нивните трошоци благодарение на владата на ВМРО-ДПМНЕ се покриени од Министерството за труд и социјална работа.

Владата на Република Македонија во 2010 година ја донесе Националната стратегија за стари лица. Тоа беше еден значителен, успешен чекор на Владата на ВМРО-ДПМНЕ која што во тоа време беше на широка врата критикувана од страна на опозицијата, од страна на СДС, меѓутоа резултира со исклучителни придонеси посебно на оваа ранлива категорија, беше речено од Наташа Младеновска Лазаревска, на денешната трибина на комисијата за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа истакна дека националната стратегија за стари лица ја опфатила временската рамка од 2006 – 2010 година. Националната стратегија се однесувала на здравствениот и социјалниот статус на старите лица, на образованието и на пензискиот систем.

Младеновска Лазаревска посочи дека во моментот во домови за стари лица престојуваат околу 550 лица, а вкупно 200 лица се од најранливата категорија, односно лица кои што материјално не се обезбедени и нивните трошоци благодарение на владата на ВМРО-ДПМНЕ се покриени од Министерството за труд и социјална работа.

Таа додаде дека оваа мерка многу активно се искористила изминатите 10години.

 

 

 

09.10.2017 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа