Младенците се запознале во Галичник, а еве кои обичаи се направија на Галичката свадба 2017

Галичката Свадба или Петровденската Галичка свадва оваа година се одржува на 15 и 16( сабота и недела) јули. Богата е со многу оригинални, единствени и неповторливи свадбарски обичаи и ритуали. Во деновите на свадбата, пиштат ,зурлите и ечат тапаните „од Галичник до Река“, со сиот подземен и надземен екот кон каменот на Бистра и небесниот свод.

Галичката Свадба во своето опстојување придонела да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочувааат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија-изработена со филигранска прецизност и точност на терзиите. Секоја година посебна комисија избира двајца млади кои ќе се венчаат на Галичката свадба.

Секоја година за време на Галичката свадба, се почитуваат голем број на обичаи кои ја карактеризираат оваа свадба: чукањето на тапаните, свекрвино оро, носењето на невестата на вода, поставувањето на свадбарскиот бајрак, канењето на мртвите, бричењето на зетот, земањето на невестата, замесувањето на лебот, венчавањето во црквата „Св. Петар и Павле”, и други обичаи, кои полека изумираат но кои во себе содржат и кријат многу детали од животот на Галичанецот во минатото.

Секој Петровден, во јули, е ден на раскошните носии, езгиите, величествените обреди и ритуали на единствената Галичка свадба, чие пошироко значење своја круна добива со влегувањето во ризницата на духовни вредности на човештвото што се под заштита на УНЕСКО.

Чинот на свадбата

Порано свадбарските церемонии траеле пет дена, а традиционално свадбата се одржувала на Петровден. Секој ден од свадбата има посебни обреди што се изведуваат по утврдени обичаи. Пет дена пред Петровден се собира папрат и јаворово дрво од кои во дворот на младоженецот се прави колиба во која се сместуваат тапанџиите кои доаѓаат од Дебар. На две вечери пред Петровден се реди бајракот. Редењето се врши на свечен начин во присуство на гости кои се поканети да дојдат на обичајот редење на бајракот. Гостите се гоштеваат и околу полноќ почнуваат со неговото украсување со разни цвеќиња. Во таа прилика девојките пеат пригодни песни за неговото украсување.

Скопјаните Тања Чаловска и Бошко Лепчески, обајцата со потекло од Галичник, се младенците на „Галичка свадба 2017“ која се одржа овој викенд. Триесет и едногодишниот правник и 28-годишната економистка се запознале пред седум години токму во Галичник, каде што утре ќе бидат и венчани во црквата „Св. Петар и Павле“.

По подолго време се случува на Галичка свадба двајцата младенци да имаат потекло од Галичник. Чаловска на свадбата носешеносија која е семејно наследство и е стара еден век, а необлечена повеќе од 50 години. Носијата сосе историски вредниот накит што ќе ги носи тежат околу 25 килограми.

 

 

 

16.07.2017 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа