Министерот за образование во Србија: Промени во училиштата - на децата и професорите им се воведува огромна забрана

Министерот за образование Младен Шарчевиќ најави дека во училиштата ќе се санкционира непримерното однесување за учениците, како и за професорите.

Школите секако покрај програмата имаат и воспитна улога и треба на децата да им бидат пример за тоа како треба да се однесуваат, смета Шарчевиќ.

-Ќе се санкционира она што треба, училиштето мора да биде доследно, рече тој за РТС, одговарајќи на прашањето за тоа како ќе биде решен проблемот со непримерното однесување во училиштата.

Училиштата треба да бида оценувани и по изгледот – дали е уредна зградата, дали децата се дисциплинирани дали се добро облечени, рече Шарчевиќ.

Тој напомена дека треба да се испита сличајот во медицинското училиште, во кое директорот упати барање од колегите за намалување на положени испити со цел децата повторно да плаќаат за тие предмети.

Ние тоа веќе го истражуваме, преземавме мерки, рече тој.

 

 

 
 
12.01.2017 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа