Милошоски: Со пораката од Брисел дека со решавање на спорот за името ќе почнат преговорите за членство во ЕУ, паѓаат во вода обвинувањата дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ било режим

Ако нешто е поволно за ВМРО-ДПМНЕ и за јавноста од посетата на Заев на Брисел, е фактот што нему му беше упатена јасна порака: Решете го името и ќе ги отпочнете преговорите за членство, рече во гостувањето во Вестите на ТВ Нова Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тука паѓаат во вода сите обвинувања дека ВМРО-ДПМНЕ била автократија, дека се работи за режим, за неуспешни реформи, за недостаток на слобода на медиумите, за невладеење на правото… Тоа беа сѐ споредни изговори коишто се товареа на грбот на ВМРО-ДПМНЕ, а сите гледаме дека суштинската пречка да продолжи евроатлантскиот пат е блокадата од Атина, којашто е неоправдана и е поврзана со нивниот проблем со нашето уставно име, вели Милошоски.

 

 

 

18.06.2017 - 19:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа