Меси ќе го продолжи договорот со Барселона- еве кои беа условите

Повеќето каталонски медиуми утринава ја пренесоа информацијата дека Лионел Меси се договорил со управата на Барселона за продолжување на договорот.

„Спорт“ и „Мундо Депортиво“ наведуваат дека таткото на Меси и негов менаџер, Хорхе, се состанал со претседателот на Барса Бартомеу и челниците на клубот и се договорил за продолжување на договорот на неговиот син со каталонскиот гигант.

Од страната на Меси имаа неколку услови, но тие не беа финансиски туку дека клубот мора дополнително да се засили со нови играчи и следната сезона да ги напаѓа сите трофеи во натпреварувањата во кои ќе настапи.

Се претпоставува дека Меси сака некои од играчите да си заминат, а на нивно место да дојдат квалитетни фудбалери. Први за отстрел се Матие, Дињ и Андре Гомеш. Барселона планира нови пет имиња во екипата по неуспешниот зимски преоден рок.

 

 

 

08.05.2017 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа