Мажот на познатата фолкерка едвај преживеал - искашлувал крв, итно префрлен во болница

Пејачката на народна музика Нада Топчагиќ неодамна преживеала вистинска драма кога нејзиниот сопруг Златко Ѓорѓевиќ завршил во болница каде бил примен во многу лоша состојба и со висока температура. Откако му се слошило, тој итно бил префрлен на одделението за белодробни заболувања во Клиниката за пулмологија во Белград.

Сопругот на Нада е страствен пушач поради што добил и воспаление на белите дробови. За работата да биде уште полоша, Нада го лекувала некое време на своја рака, не го носела на лекар, бидејќи сметала дека нема потреба за тоа и додека не добил висока температура, таа не придавала значење на неговата здравствена состојба. Мислела дека ќе успее да го излекува, а кога докторите дијагностицирале тешко воспаление на белите дробови, започнала да ја гризе совеста, лошо се чувствувала, а таа ни Златко за ова не сакале да зборуваат со своите најблиски. Доколку уште малку почекале, ова воспаление можело да биде кобно по Златко.

 

 

 

 

19.06.2017 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа