Маж влета на сцената среде концерт: Исплашената Бритни Спирс избега од сцената (ВИДЕО)

Концертот на поп принцезата Бритни Спирс во Лас Вегас беше прекинат, откако на сцената втрча маж. Обезбедувањето реагираше со молскавична брзина и мажот бил фрлен на под.

- Има ли пиштол?, непрекинато прашувала преплашената Бритни, јави ТМЗ.

Пејачката била во шок, а концертот прекинат. Како што се заклучи подоцна, пиштолот сепак немало, а мажот кој влета на сцената бил 37-годишниот Џес Веб. Тој на концертот во Планет Холивуд, на почетокот се однесувал немирно, а кога обезбедувањето го замолило да се смири, тој влегол на сцената. 

 

 

 

11.08.2017 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа