Маж и жена од Скопје измамени со продажба на дрва

Вчера, 69- годишниот Т.Г од Скопје пријавил дека истиот ден околу 08 часот и 10 минути на булевар „Борис Трајковски” во Скопје од страна на непознат сторител му била извршена измама.

Сторителот влегол во неговиот двор и го прашал дали му требаат дрва. Откако се договориле за цената отишле кај фабрика “Хемтекс” со цел оштетениот да ги види дрвата.

За кратко се разделиле, Т.Г. останал да чека. За тоа време сторителот отишло кај неговата сопруга и и побарал 13.800 денари за дрвата, со изговор дека го пратил нејзиниот сопруг, по што заминал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

16.04.2018 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа