Малолетник преживеал хорор на Партизанска

Според соопштението на полицијата, вчера попладне 39-годишната И.Т. пријавила во полиција дека истиот ден нејзиниот малолетен син бил ограбен. Петнаесетгодишникот бил пресретнат на автобуската постојка на булеварот „Партизански одреди“ од страната на две непознати лица кои му побарале пари. Оштетениот преплашен им ги дал парите, а сторителите избегале во непознат правец.

Полицијата презема потребни мерки за пронаоѓање на сторителите.

 

 

 

21.10.2017 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа