Мал херој: 5- годишно момче го спасило животот на својата мајка

5- годишно момче, со својата два месеца стара сестричка во рацете и го спасил животот на мајка си.

Момчето од Аризона кое има само пет години, случајно го спасил животот на мајака му.

Неговата мајка Кејтлин ја искористила шандата додека бебето спие, да се истушира,па на малиот Салваторе му кажала дека ќе оди во бањата, но штом влегла во кадата, загубила свест ,а акадата продолжила да се полни до вода.

Тогаш момчето ги превземало работите во свои раце.Откако видел што се случува со мајка му, тој ја зел неговата сестричка во рацете и отрчал кај сосетката и веднаш и рекол:

-Нашата мајка умре, можете ли сега вие да се грижите за нас?- прашало момчето

Сосетката најпрвин помислила дека се работи за детска игра, но кога видела дека момчето во раце го држи и бебето, сватила дека се работи за нешто сериозно, па отрчала во домот на Кејтлин, која сеуште била во кадата, па повикала брза помош.

-Ми го спаси животот, да не отидеше по помош, најверојатно ќе се удавев- рекла мајката горда на својот син и додала дека момчето секој ден ја прашува дали пак ќе и се случи истото, штом влезе да се тушира.

 

 

 

21.04.2017 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа