Македонската фолк пејачка објави фотографија без грам шминка

Фолк-пејачката Сани Гроздановска, која се омажи неодамна и го очекува своето прво дете, забрзано се подготвува за фестивалот „Валандово фест“. Иако е во поодмината фаза од бременоста, тоа не ја спречува да ѝ се посвети на кариерата, па и понатаму има настапи во живо.

Таа на сцојалните мрежи објави фотографија на која се гледа дека пејачката на себе нема воопшто шминка. Навикнати секогаш да ја гледаат совршено средена, нејзините фанови прилично се изненадија откако ја видоа нивната омилена пејачка во сосема природно издание, но секако позитивно.

 

 

 

13.09.2017 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа