Македонија во бело - каде натрупа најмногу снег

 

Изутринава снег со послаб интензитет паѓа во Пожаране над Полошката котлина. Ноќеска врнежи од слаб снег имаше во северните делови, соопшти Управата за хидрометереолошки работи.

Висината на снежната покривка изнесува 1 сантиметар во Дебар и Скопје – Петровец, 2 во Претор и Крива Паланка, 4 во Крушево и Пожаране, 5 во Маврово и Ѓуриште и 7 сантиметри во Лазарополе.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Изутринава ќе има услови за провејување на слаб снег во западните и северозападните делови од земјата. Повремено засилен ветер ќе дува на југоистокот.

Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од три до 10 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до шест степени. Од утре следува период на променливо и не многу студено време, а ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринските и дневните температури ќе бидата во постепен пораст, а поголемо наоблачување со слаб дожд во западните делови ќе има од среда кон четврток, информира УХМР. 

 

 

 

10.12.2017 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа