Македонија пред рецесија: Економијата тоне - стандардот на граѓаните паѓа

Македонија влезе во рецесија за само 4 месеци власт на СДСМ. Рецесијата е предизвикана како резултат на политичка одлука на владата да ги преполови капиталните инвестиции, а тоа го успорува градежништвото и со тоа и 25 поврзани гранки, коментираат експертите.

Во вториот квартал имаме негативен раст на БДП од 1,8% и 0% раст во првиот квартал, што значи дека сме во праг на рецесија. Треба да се направи проценка на целите на БДП бидејѓи зголемувањето од 2,2% е невозможно. Ќе бидеме задоволни ако оваа година достигнеме раст од 0,7% до 1% БДП“, вели Неби Хоџа – претседател на Комората на Северозападна Македонија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, преполувањето на капиталните инвестиции е политичка одлука. Главното прашање е која е причината за свесното носење во рецесија?

-Дали е незнаење или создавање на хаос зад кој се кријат лични интереси на бизниси моќници на СДС? Неспособноста на СДС во управувањето со македонската економија, предизвика пад на извозот, намалување на просечната плата и намалување на производството, сето ова сумарно значи стагнација и итање кон економското дно, изјавија вчера од ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, додаде тој, лошата економска политика е пропратена и со енормното и неосновано задолжување и тоа во период пред избори.

-Имено за само 4 месеци СДС ја задолжи државата за неверојатни 320 милиони евра, а од државните резерви стопи 177 милиони евра, вкупно половина милијарда евра за кои граѓаните не знаат на што се потрошени. Настапувањето на рецесијата ќе значи знак за сите инвеститори за намалена активност и неинвестирање во Република Македонија, тоа ќе предизвика интензивно намалување на обртот на пари во стопанството и зголемување на невработеноста. Рецесијата ќе значи зголемена сиромаштија кај граѓаните, беда и несигурност, и сето ова за само 4 месеци власт на СДС, истакнаа од опозициската партија.

Што е рецесија?

Рецесија претставува повремено забавување на економската активност на една земја проследено со влошување на општата економска состојба, како што се: пад на доходот, пораст на невработеноста, ниска стапка на искористеност на производните капацитети и слично.

Постои дефиниција во економската теорија што вели дека една земја е во рецесија доколку економијата стагнира или бележи негативни стапки два последователни квартали.

Кај рецесијата се анализираат три основни карактеристики: колку долго трае, колку е длабоко навлезе во економската активност на земјата и колку широко се распространува. Вообичаено е секоја економија да биде зафатена од рецесија во одреден временски период, но финансиските власти треба да имаат предвид повеќе мерки со коишто ќе го контролираат и неутрализираат негативното влијание.

Доколку рецесијата временски се продолжи и продлабочи, во тој случај економијата е зафатена од таканаречена депресија.

Рецесијата го јаде стандардот на граѓаните и ќе удри врз компаниите

Вообичаено, прва жртва за време на рецесија се продажбите. Откако ќе опаднат продажбите, обично набрзо потоа опаѓа и профитот.

 

Рецесија која е придружена со висока стапка на инфлација ќе значи дека месечните трошоци може да пораснат. Ова може да ги „изеде“ заштедите на компаниите и граѓаните и како што ќе одминуваат деновите, да создаде финансиски проблеми.

Одржување големи залихи и во нормални услови е тешко, но за време на рецесија може да влијаат како товар кој ќе ги влече надолу компаниите.

Стопанствениците се согласни дека рецесијата негативно ќе се одрази врз економската активност во Македонија, а најмногу псоледици ќе трпи стопанството.

Со понатамошно намалување на индустриското производство се очекува отпуштање од работа на поголем број работници.

 

 

 

 

 

09.10.2017 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа