Македонија од утре домаќин на Првиот дигитален самит на Западен Балкан

Македонија утре и задутре ќе биде домаќин на Првиот дигитален самит на земјите од Западен Балкан, кој е првиот од серијата настани од овој тип што ќе бидат организирани на годишно ниво.

Самитот е дел од Берлинскиот процес и претставува можност за приближување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, но ќе бидат презентирани и конкретни начини како да се добијат подобри дигитални услуги, како ИТ фирмите да се поврзат подобро и како младите да добијат квалитетни дигитални вештини.

Најавено е присуство на премиери, владини претставници, бизнисмени, регионални организации и на академската заедница кои ќе разменат идеи и предлози за заедничко делување. Ќе се разговара за намалување на цените на роамингот, сајбер безбедноста, зголемување на дигиталните вештини на граѓаните и меѓусебно дигитално поврзување на земјите од регионот.

Се очекува да произлезе и заедничка иницијатива за меѓусебно признавање на дигиталните сертификати. Парлалелно со дводневниот Самит ќе се одржи и Експо саем на ИТ фирми на кој компаниите од дигититалната сфера ќе ја презентираат својата работа, а ќе биде организиран и Камп за старт ап компании, како и конференција посветена на лажните вести.

 

 

 

17.04.2018 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа