Македонија и Бугарија договорија соработка и во енергетиката

 

Македонија и Бугарија денеска во рамки на заедничката владина седница што се одржува во Струмица потпишаа два договора за соработка во енергетскиот сектор.

Со нив се предвидува од почетокот на 2018 година воспоставување заеднички пазар за распределба на преносни капацитети меѓу електроенергетските оператори на двете земји.

Тоа е регулирано во Договорот што го потпишаа бугарскиот Електроенергетски системски оператор ЕАД и македонскиот МЕПСО. Користењето на заедничка платформа ќе им олесни на сите учесници кои тргуваат со струја. Со новите пазарни процедури трговците од македонска страна ќе учествуваат заеднички со своите бугарски партнери на дневниот пазари што бугарскиот електродистрибутер ќе ги реализира од името на двата оператора.

Спроведувањето на заедничките пазари на бугарско-македонската граница ќе доведе до пораст на тргувањето со електрична енергија во регионот и ќе ја зголеми ликвидноста на националните енергетските берзи.

Заедничките пазарни процедури се задолжителна мерка за обединување на енергетските берзи на Западен Балкан и ЈИЕ. Бугарскиот оператор за гас „Булгартрансгаз“ ЕАД и АД Македонски енергетски ресурси

- МЕР денеска го потпишаа Договорот за спроведување на физибилити студија за изградба на нова гасна меѓусистемска врска. Со документот се извршува потпишаниот Меморандум меѓу министерствата за енергетика на Бугарија и за економија на Македонија од 1 август 2017 година за сорабокта во областа на прииродниот гас.

При проучување маршрути за изградба на новата гасна врска Бугарија- Македонија ќе биде земен предвид развојот на гасоводите Грција-Бугарија и Турција-Бугарија, како реализацијата за центарот за дистрибуција на гас „Балкан“.

 

 

 

23.11.2017 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа