Македонија денеска домаќин на Норвешка - последен натпревар годинава

Македонската фудбалска репрезентација ја пречекува Норвешка вечер на Национална арена „Филип Втори“ во Скопје во пријателски натпревар.

Почетокот на дуелот се закажан за 18:30 часот.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски со оптимизам влегуваат на средбата која треба да е потврдата за успешната 2017 година во која Македонија доживеа само еден пораз од Шпанија.

„Црвено-жолтите“ се во низа од четири натпревари без пораз и ќе ја бркаат првата победа во меѓусебните дуели со Норвешка.

Фудбалската федерација на Македонија се одлучи за популарни цени на билетите со желба што поголем број навивачи да ги бодрат „рисовите“. Цените на билетите се 100 и 150 денари во зависност од местото и трибината.

 

 

 

11.11.2017 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа