Мајмунска работа: Бабун им ја исклучи струјата на над 50 илјади луѓе

Еден бабун толку се заинтересирал за каблите во електрана на југот на Замбија што без струја остави 50 илјади луѓе, пренесува Би-Би-Си.

Тој вчера предизвикал недостаток на електрична нергија кога се искачил на електраната и почнал да ги влече каблите. Бабунот го преживеал силниот струјен удар кој човекот не би можел да го преживее, изјави портпаролот на електраната. Тој додаде и дека во тој случај, доколку човек го направил истото и преживеал, би одговарал на суд.

Според него, организацијата за заштита на животните го спасила мајмунот кој моментно се опоравува од сериозните потреби.

 

 

 

 

17.07.2017 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа