Мајкрософт го „убива“ легендарниот програм на кој сите поминавме часови и денови

Microsoft го подготвува новото ажурирање на Windows 10 системот наречен Autumn Creators Update со голем број на нови опции. Меѓутоа, еден од најдолговечниот додаток на Windows ќе престане да постои, а тоа е Microsoft Paint.

Оваа алатка за прв пат е објавена со првата верзија на Windows 1.0 во 1985 година и беше еден од првите графички едитори кој беше користен од милиони луѓе.

Во новата верзија на Windows 10 доаѓа Paint 3D, кој ќе има опција за правење 3D слики и кој нема да има ништо слично со стариот Paint.

Иако оваа алатка никогаш не беше напредна, сепак беше лесна за користење или за губење време.

 

 

 

25.07.2017 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа