Лоша прогноза: Какво време не чека за 1 мај

Како и секој година така и оваа. За 1 мај ќе врне дожд. 
Според метеоролошките прогнози, времето за овој празник ќе биде облачно и со значително пониски температури кои ќе се движат околу 19 степени во Скопје и 21 низ Македонија. Утринските температури ќе бидат ниски и ќе се движат од 4 до 6 степени.
Слично ќе биде времето и на 2 мај. Иако овој ден одамна не е неработен, сепак многу граѓани го користат попладнето за краток излет во природа. И оваа година баш и нема да има некакви услови за тоа.
Времето ќе остане облачно. Дожд можеби и нема да има но температурите пак ќе бидат под 20 степени.

 

 

 

 

 

17.04.2018 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа