Љубовна драма во Гостивар

40-годишниот С.Д. од селото Жеровјане на 05.11. минатата година во 23 часот и 30 минути, на улицата “Живко Брајкоски“ во Гостивар, дошол со своето возило пред угостителски објект каде што била девојка од Тетово во друштво со нејзин пријател Р.Б.

Полицијата иформира дека насилникот бил претходно во љубовна врска со тетовчанката, па затоа и приредил хорор. Тој излегол од возилото дошол до возилото каде што била таа и ја присилил да остане внатре, по што се упатиле кон селото Чајле. За време на патот, тој постојано и се заканувал.

При тоа во еден момент два пати ја удрил со рака во пределот на лицето. Кога стигнале во селото,  возилото било запрено од страна на полициски службеници и по пријава насилникот бил лишен од слобода.

 
 
09.01.2017 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа