Лекарот на Трамп соопшти: Претседателот е здрав, но сепак постои еден проблем

Претседателот е во одлична здравствена состојба, изјави лекарот на Белата куќа д-р Рони Џексон по првиот медицински преглед на Доналд Трамп по преземањето на функцијата пред речиси една година.

Медицинскиот преглед на претседателот е спроведен  во националната воена болница „Волтер Рид“.

Џексон истакнал дека ги проверил и когнитивните способности на негово лично барање.

-Апсолутно нема причина за загриженост околу неговите когнитивни способности или неговите невролошки функции - истакнал лекарот.

Лекаорт истакнал дек Трамп би тебало да изгуби 3-4 килограми, бидејќи е на граница на гојазност, а со тоа се зголемува и ризикот за разни заболувања.

Докторот  Џексон  изјави дека  со нетрпение очекува да информира за некои детали на брифингот во вторник.

Противниците на Трамп отворено го доведуваат во прашање неговото ментално здравје, но во текот на систематскиот преглед не бил планиран преглед и од психијатар.

 

 

 

17.01.2018 - 23:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа