Легендарниот Греј Пол: Оливер донесе исправна одлука, беше пенал за Реал

Фудбалерот на Јувентус Мехди Бенатија влезе во контакт со Лукас Васкез па го оттурна во казнена простор.

За Оливер немаше дилеми, покажа на белата точка со која Кристијано Роналдо го однесе Реал во полуфиналето. Пред пеналот црвен картон доби голманот Џанлуиџи Буфон поради протест иако се знаеше дека ова веројатно беше неговиот последен настап во кариерата во Лигата на шампионите.

-Прво сакам да му честитам на колегата Оливер што остана смирен и со ладна глава во текот на тешките моменти на теренот. Не само што со причина го исклучи Буфон во моменти на агресивно однесување на граница на толеранцијата, туку пред тоа имаше право кога покажа на белата точка. Криво ми е што Фудбалската Асоцијација на Англија порано не ми даде поддршка на Оливер, во тој случај би бил во конкуренција и за Мундијал, рече Пол.

Тој додаде и дека тренерот на Арсенал, Арсен Венгер во една прилика му се смеел кога рекол оти на судиите на терен за тешки одлуки им е потребна голема храброст.

-Мислам дека сега увиде колку погрешно реагираше, потенцира Пол.

 

 

 

12.04.2018 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа