ЛДП му даде шут-карта на Жерновски и му порача на СДСМ: Да не ви се повтори Стевчо Јакимовски

Членовите на Централниот Одбор на Либерално демократската партија на синоќешната седница го исклучија од партијата и од сите партиски тела и органи поранешниот претседател, Андреј Жерновски, поради преминувањето во СДСМ.

На Жерновски, како што се вели во соопштението, „ЦО на ЛДП му посака среќа и успех во натамошната работа, а на СДСМ им посака овој пат да не им се повтори Стевчо Јакимовски“.

Либерално-демократската партија синоќа донесе очекувана одлука на наредните локални избори да биде од коалицијата на  СДСМ, каде функционира како приврзок веќе подолг период.

Членовите на ЦО на седницата го избраа и вториот потпретседател на партијата, Игор Вељаноски, кој досега ги извршуваше функциите на претседател на градската организација на ЛДП и советник во Советот на Општина Кисела Вода.

 

 

 

 

 

14.09.2017 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа