Лажниот принц на Црна Гора и Македонија бил наместен од меѓународни шпиони?

Стефан Чернетиќ, кој цели шест години успешно лажел дека е принц на Црна Гора и Македонија, всушност е новинар и гастрономски критичар.

По апсењето, Чернетиќ се соочува со кривични пријави врз основа на делата лажно претставување и фалсификување дипломатски документи, налепници и регистарски таблички.

Откако е разоткриен, тој се брани дека, всушност, е наместен од меѓународни шпионски служби и дека ова е инсцениран политички прогон против него. Меѓу другото, тој има и официјален вебсајт.

Тој тврдел дека доаѓа од лозата Чернетиќ и дека покрај Црна Гора и Македонија, има задолженија и во Србија, Албанија, Војводина, но и во Константинопол, Романија и во Грција.

На Фејсбук поставувал фотографии од писма од Доналд Трамп, како и часовник што наводно е подарок од Владимир Путин. Исто така велел дека е сопственик на голем број недвижни имоти во државите каде што владеело неговото семејство.

 

 

 

 

18.06.2017 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа