Лашкоска: Црната тројка Заев, Тевдовски и Анѓушев создадоа црна дупка во македонската економија

Црната тројка Заев, Тевдовски и Анѓушев создадоа црна дупка во македонската економија. Катаклизмата која и се случува на македонската економија предизвика пад на индустриското производство, пад на просечната плата, раст на цените на производите и трошоците за живот на граѓаните, бркање на инвеститори, енормно трошење на над 350 милиони евра и други катастрофални резултати. Граѓаните веќе ја чувствуваат неспособноста на оваа црна тројка врз свој грб и по својот џеб, истакна Ане Лашкоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сега и општините ги чувствуваат последиците од незнаењето и катастрофалните економски политики. Владата на СДС без основ и надвор од закон, скрати околу 8% од парите кои е должна да им ги трансферира на општините, по основ на дотации на ДДВ. СДС на овој начин го доведува во прашање нормалното финансирање и работење на општините, чиј главен прилив на финансии, се токму овие средства. Со овие пари локалните самоуправи градат водоводи, канализации, патишта, даваат услуги на граѓаните и слично. Ништо од ова нема да може да се направи затоа што црната тројка на СДС поради својата неспособност не им ги исплаќа законски утврдените проценти од прибирањето на ДДВ. Владата на СДС кратејќи од парите наменети за општините ја прикрива буџетската дупка која ја создаваат со се поголемото задолжување на државата и со несовесното работење. Општините не може и не смеат да трпат, и нивното работење и нормално функционирање да се става под знак прашалник само затоа што СДС не знае да ја покрие својата погрешна политика од која се поочигледни се и последиците. СДС за само 100 дена власт го покажа своето незнаење и негрижа кон државата и народот. Последиците од ова економско цунами кое за само 100 дена и се случува во Македонија ќе бидат енормни, но најлошо од се ќе бидат далекусежни. Граѓаните можат и мора да стават крај на ова, пред да биде предоцна. Тоа ќе се случи на 15-ти октомври кога граѓаните ќе им испорачаат нов катастрофален пораз на избори и со тоа ќе отворат можност за нови предвремени парламентарни избори кога и Заев и Анѓушев и Тевдовски ќе бидат политички дискредитирани и делегитимирани, истакна Лашкоска

 

 

 

12.09.2017 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа