Квалитет на воздух

  SO2 NO2 PM10 PM2.5 O3 CO
Многу високо 500- 400- 180- 110- 240- 20-
Високо 350-500 200-400 90-180 55-110 180-240 10-20
Средно 100-350 100-200 50-90 30-55 120-180 7.5-10
Ниско 50-100 50-100 25-50 15-30 60-120 5-7.5
Многу ниско 0-50 0-50 0-25 0-15 0-60 0-5

Загадувачка супстанција

Здравствени ефекти

Суспендирани честички (PM)

Може да предизвика влошување на кардиоваскуларни и белодробни заболувања, срцеви удари и аритмија. Може да предизвика рак. Може да доведе до артериосклероза, негативни исходи кај новороденчиња и респираторни заболувања кај деца. Исходот може да биде предвремена смрт.

Озон (O3)

Може да предизвика намалување на белодробната функција. Може да предизвика влошување на астма и белодробни заболувања. Може да доведе до предвремена смрт.

Азот диоксид (NO­2)

Зголемена смртност предизвикана од кардиоваскуларни и респираторни болести и морбидитет на респираторни заболувања.

Сулфур диоксид (SO2)

Ја влошува состојбата со астма и може да ја намали белодробната функција и да предизвика воспаление на респираторниот тракт. Може да предизвика главоболки, генерална неудобност и вознемиреност.

PAHs, особено бензо(a)пирен

Канцероген

Јаглерод моноксид (CO)

Може да предизвика срцеви болести и оштетувања на нервниот систем. Може да предизвика главоболки и замор.

Арсен (As)

Канцероген. Може да предизвика рак на белите дробови.

Кадмиум (Cd)

Канцероген

Олово (Pb)

Може да има влијание врз речиси секој орган и систем, особено врз нервниот и кардиоваскуларниот систем. Може да има негативни когнитивни ефекти кај децата и може да доведе до зголемен крвен притисок кај возрасните.

Жива (Hg)

Може да има влијание врз црниот дроб, бубрезите, дигестивниот систем и респираторниот систем. Може да влијае и врз централниот нервен систем.

Никел (Ni)

Канцероген

Бензен (C6H6)

Канцероген

Суспендирани честички (PM10), часовни концентрации, Скопски регион

Суспендирани честички (PM10), дневни концентрации (max. 50 µg / m3), Скопски регион

Суспендирани честички (PM10), часовни концентрации, Скопје

Суспендирани честички (PM10), дневни концентрации (max. 50 µg / m3), Скопје

Суспендирани честички (PM10), часовни концентрации, Западна Македонија

Суспендирани честички (PM10), дневни концентрации (max. 50 µg / m3), Западна Македонија

Суспендирани честички (PM10), часовни концентрации, Источна Македонија

Суспендирани честички (PM10), дневни концентрации (max. 50 µg / m3), Источна Македонија

 

ИЗВОР: МЖСПП