Крвава тепачка во Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 36-годишниот Д.П. од с.Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство”. Пријавениот на 02.05.2017 година  околу 03.00 часот  во бања Стрновац во Старо Нагоричане, без повод, вербално се расправал со А.М. од с.Грушино на кој му упатил вулгарни зборови, а во еден момент и физички го нападнал, удирајќи го со тупаници повеќе пати во пределот на главата, нанесувајќи му телесна повреда на носот. 

 

 

 

19.06.2017 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа