Крвава драма синоќа во скопско Батинци

Околу 20 часот во селото Батинци-скопско, М.Џ. од селото заедно со Н.А. дошле во куќата на 48-годишната С.Г. и со закана со нож и побарале пари.

Полицијата информира дека откако жената не им дала пари, насилниците заминале од куќата и околу 20 часот и 30 минути истите се сретнале со нејзините два сина и тоа 29-годишниот Н.Г. и 28-годишниот С.Г. и им побарале пари, по што со нож му нанеле убодна рана на С.Г. во пределот на грбот, а Н.Г. го расекле во пределот на лицето.

Повредените лица биле пренесени во Градската Општа Болница“ Св.Наум Охридски“.

СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

13.09.2017 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа