Кривичен суд: Сеуште трае постапката против малолетникот поврзан со пожарот на Матка

Одделот за кривично-малолетни при Основниот суд Скопје 1 – Скопје во пишано соопштение до медиумите во целост ги отфрла шпекулациите кои, како што се наведува, од одредени поединци во текот на денешниот ден се лиферувани на социјалните мрежи дека е ослободен од било каква одговорност приведениот малолетник поврзан со пожарот на Матка.

- Имено, на малолетникот од страна на судија на Одделот кривично – малолетни му се определни мерки за претпазливост и постапката против истиот е се уште во тек, односно воопшто не е завршена и тој не е ослободен од било каква одговорност како што информираат поединци, се наведува во соопштението од скопскиот Кривичен суд.

Согласно член 99 од Законот за правда на децата, како што се посочува во соопштението, единствено судот може да дава официјални податоци за текот на постапка која се води против деца, или да даде одобрени на друг орган или институција за информирање на јавноста за постапка која се води против дете.

- Секое друго неофицијални информирање и шпекулирање за овие постапки, јавноста не треба да ги прифаќа како точни и официјални, а лиферување на неточни информации поврзани со постапки кои се уште се во тек претставува кривично дело, се наведува во соопштението од Судот. 

 

 

 

13.08.2017 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа