Кралицата на нафтата го ожени синот - ваква свадба немате видено

 

Деновиве светот зборува за свадбата на синот на најбогатата жена Фолоруншо Алакија.

Нејзиниот син Фоларино се оженил за иранската убавица Назанин Јафарин.

Свадбената церемонија била приредена во палатата Бленхеим, а се проценува дека на венчавката биле потрошени шест милиони долари.

Подот по кој чекореле младенците бил од мермер на кој со злато биле изгравирани почетните букви од имињата на младата брачна двојка.

Салата била украсена со милион бели ружи, раскошната торта исто така била украсена со стотици украсни бели цветови.

Робин Тике бил задолжен за забавата на гостите, кој за настапот добил околу 200.000 долари.

 

 

 

 

19.06.2017 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа