Конференција за предизвиците со неплатена работа и родова нееднаквост

„Неплатена работа, родова нееднаквост и ветувањето на економијата за грижа и нега“ е темата на конференцијата што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Програмата за развој на ОН (УНДП), Телото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women) и Меѓународната организација за труд (МОТ).

Целта на конференцијата е размена на искуства и практики помеѓу меѓународни и национални експерти, како и поттикнување дебата во земјите на Западен Балкан за постоечките развојни предизвици, информираат организаторите.

На конференцијата е најавено обраќање на постојаниот координатор на ОН Луиза Винтон и претставници на Владата.

 

 

 

14.06.2017 - 08:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа