Колорадо урива рекорди - за осум месеци заработил милијарда долари од канабисот

Колорадо го претвори легализирањето на марихуаната во суперпрофитабилна индустрија и продажбата достигна нови рекорди оваа година, па само во првите осум месеци од оваа година, од канабисот биле заработени 1,02 милијарди долари, додека лани оваа сума била достигната во октомври.

Продажбата се зголемила за 21% во однос на истиот период од минатата година, а останува да се вклучат приходите од преостанатите четири месеци од оваа година. Од популарните кофи шопови, државата Колорадо оваа година наплатила данок и други давачки во вредност од 162 милиони долари.

Само во август биле продадени продукти од марихуана во вредност од 137 милиони долари, од кои 100 милиони доаѓаат од рекреативни корисници.

Од легализирањето на марихуаната во Колорадо во 2014 година, продажбата постојано се зголемува. Во првата година таа изнесувала 699 милиони долари, во 2015 – 996 милиони, а лани – 1,3 милијарди долари.

 

 

 

14.10.2017 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа